Речното корито на Ораовичка река ќе биде комплетирано и завршено-Потпишан договорот за финансирање на проектот „Регулација на дел од речното корито на Ораовичка река„

Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша договори за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини низ државата. За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството.

Градоначалникот Ацо Ристов вчера во Министерството за животна средина и просторно планирање го потпиша договорот за финансирање на проектот поднесен од Општина Радовиш за „Регулација на дел од речното корито на Ораовичка река„ с. Ораовица.

Финансиската поддршка од Министерството за вакви проекти овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализација, водоснабдување и управување со водните ресурси, преку кои се поставуваат темелите за долгорочен и одржлив развој на локалните заедници, со фокус на унапредување на квалитетот на живот, здравјето и заштитата на животната средина.

– Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање
Тој исто така ја потенцираше важноста на навремената и квалитетна реализација, повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.

„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес, е еден ден повеќе во служба на граѓаните,“ изјави Меџити, нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.

 

Влада на Република Македонија

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации