РК Радовиш вечерва го одигра натпреварот од 15. коло од ракометната Супер лига против екипата на РК Пелистер од Битола.

Иако изгубија, нашите ракометари одиграа одличен натпревар, како и нашите младински ракометари кои што беа дел од составот и покажаа како се игра со срце на терен.

Од РК Радовиш искажуваат благодарност до публиката што вечерва дојде во салата за да го бодри и поддржува нашиот клуб, но и што беше хумана во хуманитарната акција на Црвен Крст од Радовиш!

Со срце за РК Радовиш и Радовиш!

РК Радовиш бил и ќе биде гордоста на Радовиш и Радовишани!

 

РК РАДОВИШ-РК ПЕЛИСТЕР 27-36  (13-18)

 

Фото РК РАДОВИШ-РК ПЕЛИСТЕР

 

 



 





 




error: Содржината е заштитена !!