Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар истекува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ. Одлуката беше донесена на пристигнати барања до Регистарот и Владата за пролонгирање на рокот. Централниот регистар излезе во пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел запазување на законските рокови. Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со 11 март над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation КАРАНТИН УШТЕ ЕДНА НЕДЕЛА ВО ГРЦИЈА, УЧИЛИШТАТА ЗАТВОРЕНИ ЈП „ПЛАВАЈА“ ЗАПОЧНА СО ЧИСТЕЊЕ НА ТАКА НАРЕЧЕНИ “ДИВИ” ДЕПОНИИ