Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, но најсилниот, со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 по Рихтер, највеќе го почувствувало населението во Дојран. Во Гевгелија, Валандово и Струмица интензитетот бил VI степени, додека во Кавадарци, Радовиш и Берово V степени. Земјотресот е почувствуван и од населението од соседните Грција и Бугарија, а предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот. Post navigation Новогодишно обраќање на Градоначалникот на општина Радовиш,Герасим Конзулов по повод Новата 2018 година ДИЗЕЛ ГОРИВОТО ПОСКАПО ЗА 3,5 ДЕНАРИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА АКЦИЗА