Во основните училишта денеска почнува скринингот кој ќе покаже каква е трансмисијата на Ковид-19 меѓу учениците. Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи. Скринингот ќе го спроведат тимови од здравствени работници кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат доставени на анализа во Институтот за јавно здравје и епидемиолошките служби, со цел да се добие реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта. – Комисијата донесе заклучок внимателно да се следи и анализира состојбата во училиштата и доколку се утврди какво било зголемување на бројките помеѓу учениците во однос на новозаразени да се направат скрининг тестирања во училиштата со цел да се утврди реалната состојба и опасноста за поширока трансмисија на вирусот помеѓу учениците. Започнуваме со скрининг во основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемена. Во средните училиште таква состојба нема. Таму се следи епидемиолошката состојба и согласно извештаите од Институтот за јавно здравје е стабилна. Меѓутоа, загрижувачките бројки кои ги добивме од основните училишта беа аларм да иницираме и да аплицираме еден ваков скрининг што ќе ни покаже каква е трансмисијата во основните училишта, рече вчера на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски рече дека скринингот ќе се одвива во училиштата, а децата чии родителите дале согласност ќе бидат тестирани со брз тест во училиштата и нема да има потреба да ги носат во центрите за јавно здравје како што првично било планирано. – На овој начин сакаме да им олесниме пристап до тестовите и тоа да биде со минимум компликации по нив, додаде Петличковски. Од вчера на сајтот на Министерството за здравство се достапни и препораките за лекување на КОВИД-19, кои се наменети за сите лекари вклучени во лекувањето на пациентите. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СКРАТЕНО ПРЕПОРАЧАНОТО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАРАНТИНОТ ОД СТРАНА НА СЗО ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВРШЕЊЕ ДОЛЖНОСТ