Претпладне променливо облачно со слаб локален дожд, во текот на денот сончево и до умерено облачно – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки рабоит (УХМР) за денеска. Ќе дува умерен до засилен, а на места повремено силен ветер од југозападен правец. Минималните температури денеска во земјава ќе се движат во интервал од 3 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 23 степени. Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 7 до максимални 22 степени. УХМР слично време најавува и за утре, а во текот на претстојниот викенд нè очекува сончево и топло време со температури до 28 Целзиусови степени. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation САМО ЕДНАШ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДИ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО НА ДЕНОТ НА ДВОЈНИТЕ ИЗБОРИ РАДОВИШ СО ДВАЈЦА ПРАТЕНЦИ НА ЛИСТАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ИЕ4