Денес и утре ќе се задржи променливо облачно и посвежо време, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град. Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 27 Пожаране, 22 Претор, 20 Крушево, 17 Скопје – Петровец, Дојран, 16 Битола, 13 Тетово, 12 Охрид, Дебар, 10 Прилеп, Ѓуриште, 7 Скопје – З. Рид, 6 Демир Капија, Куманово, 2 Штип, Струмица. Денес, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ=7 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. T= 28 °C, P= 973 hPa, U= 80 %, V= 6 m/s. Утре, променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. УВ=7 УХМР Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРОНАЈДЕНИ БЕСПРАВНО ИСЕЧЕНИ ОГРЕВНИ ДРВА ВО ЛИПОВИЌ, КОНЧЕ ФА „ПОДАРЕШАНИ“ СО УСПЕШЕН НАСТАП НА ИНТЕРНАЦИОНАЛИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД