Студентските ваучери стартуваа, процесот се одвива брзо и без проблеми

После подолго очекувања стартуваше програмата за студентските ваучери за 2025 година, а скоро 10.000 студенти веќе го подигнале својот одбран уред од економските оператори, што значи дека првите денови од програмата се со неочекувано голема реализација.

Од информациите од терен, интересот кај студентите е огромен и процесот на избор, резервација и подигнување на уредите засега функционира без застој.

 ИТ-секторот вели дека се соочуваат со најголемиот прилив на млади купувачи во последните години, но додаваат и дека се подготвени многу подобро отколку кога било. Некои од поголемите трговци во технолошкиот сегмент веќе имаат имплементирано дополнителни системи за организација и оптимизирање на процесот.

Официјално се најавени над 55.000 ваучери, ИТ секторот е под висок притисок, но компаниите уверуваат дека се подготвени за динамиката. Дел од моделите веќе се продадени но нови залихи пристигнуваат во следниот период.

 

*фото Архива

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации