Нашите пет млади борачи не само што учествуваа туку и го освоија третото место во екипна конкуренција со Македонската репрезентација. Маријо Ананиев се закити со златен медал, Ристе Ставрев сребро, а Илија Атанасов беше бронзен. Овие наши борачи беа предводени од Горан Атанасов и Мијалче Ананиев. Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на борачите, и дел од управата на Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“. Повод за приемот беа освоените репрезентативни медали на Балканското првенство во доста силната конкуренција. Градоначалникот им честиташе на постигнатите успеси и изрази особено задоволство што продолжува традицијата на успесите во борењето во нашата општина со надеж дека истите ќе продолжат а во блиска иднина да се радуваме и на европски медал. Post navigation ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА ЕВРОПА“ И „ПОБЕДА НАД ФАШИЗМОТ“ НАМАЛЕН БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНИТЕ И ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА