Почнаа подготовките за новата реколта тутун Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почна издавањето евидентни листови за новата реколта тутун, со што и официјално стартуваа подготовките за годинашново тутунопроизводство. За евиденција на новото производство, тутунарите до подрачната единица на Министерството поднесуваат имотен лист и барање, а потоа да склучуват договори со откупувачите. Интересот е голем за новата реколта тутун и се очекува зголемен број издадени евидентни листови од лани кои се своевидна виза за новото производство. Тутунарите кои трпеливо чекаат во ред пред подрачната единица, главно се задоволни од ланската реколта и велат сега се исплаќа тутунот. Post navigation ФК ПЛАЧКОВИЦА СО УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА ОД КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР ЧЕТВОРИЦА ДРВОКРАДЦИ УАПСЕНИ ВО МЕСТОТО ВИКАНО “ИЛИНИЦА