На 10.10.2025 околу 13:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на локален пат од с.Лубница кон с.Скоруша, на место викано „Сечков дол“, општина Конче, 49-годишниот В.Р. од с.Лубница, управувајќи трактор „имт“ со приколка изгубил контрола и со тракторот излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



