Македонските хокеари го освоија „Развојниот куп“ во Германија Македонската хокеарска репрезентација уверливо го освои Развоен куп што се одржа од 19 до 21 ноември во германскиот град Фисен, каде што во финалето ја декласира Португалија со 9:3. Најдобрите македонски хокеари ги добија сите натпревари, при што во групната фаза ги совладаа Ирска со 9:6, Андора со 9:4 и Португалија со 5:4, а во полуфиналето славеа против Андора со 6:3. Во мечот за бронзениот медал на турнирот организиран од Светска федерација за хокеј на мраз (ИИХФ) Ирска беше подобра од Андора со 8:7. Post navigation ТРЕТО МЕСТО ОД РЕПУБЛИЧКИОТ НАТПРЕВАР ПО БИБЛИОТЕКАРСТВО ЗА САЊА ГЕОРГИЕВА ЕДНА ГОДИНА ОТВОРЕНА ОПШТИНА! Отчет на Градоначалникот Герасим Конзулов