Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, на 11.11.2020 година во 04 часот и 54 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од 5 степни. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19490″] Post navigation ОДРЖАНА УШТЕ ЕДНА ХУМАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА РАДОСТ ЗА НАЈМАЛИТЕ – сетови сликовници во семејства од социјални-ранлива категорија