Започнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти и таа ќе важи од 15 август до 15 септември.

Како што наведува владината прес-служба, одлуката е донесена поради тоа што „дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани“. 

-Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти. Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни бои, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани, соопшти Владата. 

Исто така, трговците се должни покрај новата намалена цена на производите, да ја објават и старата цена која важела на 1 јуни 2025.

 

*фото Архива

 

error: Содржината е заштитена !!