Изминатиов викенд Фолклорниот Ансамбл ,,Злевски бисери,, од с.Злеово настапи на ,,Мајски концерт,, во с.Трупале-Ниш, Р.Србија посветен на нивниот прерано починат кореограф Дејан Диниќ. На концертот учествуваа 35 наши членови кои се претставија со: Ора од радовишкиот крај, Тресеница, Песни и ора од Источна Македонија. Големо беше задоволството да се настапи на овој концерт бидејќи домаќинот КУД,,Буклија,,-Трупале има повеќегодишна соработка со фолклорните ансамбли од нашата општина за што и раководителот на Фолклорниот Ансамбл ,,Злевски бисери,, од с.Злеово- Иванов Методи доби признание ЗА Културна соработка помеѓу ансамблите од Радовиш и КУД ,,Трупале,,. Информираат од Фолклорниот Ансамбл ,,Злевски бисери,, од с.Злеово. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА ПРИРЕДБА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „АЦО КАРАМАНОВ“ ОД РАДОВИШ НАСТАП НА “РАСПЕАНИ РАДОВИШАНИ”НА ФЕСТИВАЛОТ “ПОД КУЛИТЕ НА СТРУМИЦА”