Повик за учество на Конкурс за литературна творба или илустрација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција на тема: „Хероите носат униформа – но и срце“. По повод Денот на македонската полиција – 7 Мај, ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, Струмица во соработка со Секторот за внатрешни работи – Струмица, распишува Конкурс за литературна творба или илустрација на тема: „Хероите носат униформа – но и срце“.Преку пишан збор или цртеж, сите учесници ќе имаат можност преку креативно и уметничко изразување да покажат што значи за нив храброста, како изгледа еден херој, како полицијата ја чува нашата секојдневна сигурност и тн. Категории:1.Литературна творба (поезија, расказ или есеј)2.Илустрација/цртеж Право на учество:Ученици од основно образование Рок за доставување:Творбите да се достават најдоцна до 2.5.2025 година, во Библиотеката или на електронската пошта [email protected] Сите творби ќе бидат наградени и презентирани по повод 7 Мај – Денот на полицијата, а настанот ќе се одржи на 6.5.2025 година во просториите на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица во 12 часот. *фото Архива Post navigation Велика Сабота – ден пред Христовото вocкpeceние Владиката Иларион отслужи Света Архиерејска литургија во храмот во Радовиш, по повод празникот Воскресение Христово