Општина Радовиш објави решение за објавување на Jавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2025 година Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2025 година На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица од областа на занаетчиството, стопанската и друга јавна дејност од општина Радовиш. Сите заинтересирани кои ќе конкурираат на јавниот конкурс, потребно е да докажат дека во изминатиот период исклучително се бавеле или се бават само со една дејност, и со истата дале свој придонес и оставиле длабока трага во вкупниот општествен и стопански живот во општина Радовиш. Потребни документи за поднесување се : – Податоци за предложеното физичко или правно лице; – Образложение за предлогот по конкурсот; Период за доставување на документите од 29.09.2025 год. заклучно со 10.10.2025 год. Документите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2025 год. Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Започна кампањата! За 80 општини има 309 кандидати за градоначалници Времето денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд