Денес, во Музејот на љубовта и уметноста – Радовиш, се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, во кој учествува и Општина Радовиш.

На сесијата беа разгледани критериумите за избор на проекти, презентирани и дискутирани проектни концепти, а учесниците активно работеа на формирање работни групи за развивање на предлог-проекти.

Сесијата заврши со презентација на форматот за подготовка на предлог-проектите, како и со договор за понатамошните активности и следната форумска средба.

Општина Радовиш продолжува со поддршка на процесите што придонесуваат за поголема транспарентност, активно учество на граѓаните и зајакнување на капацитетите на Општинскиот совет.

 

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!