Артефакти и фотографии пронајдени во Боров Дол, се дел од изложбата „Боров Дол 2011-2018 година“ Преку илјада артефакти во уметничката галерија „Безистен“ во Штип се изложени, а се пронајдени на трите археолошки локалитети што беа истражувани од 500 археолози и работници на местото каде што за една година треба да се отвори новиот рудник Боров Дол. Овие артефакти се изложени во рамките на изложбата „Боров Дол 2011-2018 година“. Директорот на Завод и Музеј на Штип, Штерјов, истакна дека при истражувањето се откриени и нови локалитети познати само од археолошката карта, а со истражувањата дошле до заклучок дека истражените локалитети претставувале рударски населби. „Едната е од праисторија, од раното бронзено време и железното време, па до средниот век. Покрај тоа откриена е и една некропола која датира од доцната антика и на крајот сите овие археолошки резултати се претставени во една изложба“, објасни Штерјов. Со овие истражувања се покажува дека рударството на овие простори биле присутни пред 5-6 илијади години. Истражувањата на Боров Дол беа извршени за потребите на новото рудно тело, каде што „Бучим“ за извршената работа на Штипскиот музеј му плати 360.000 евра. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] . Post navigation ФК РАКЛИШ ЗАПОЧНА СО ПОБЕДА ВО БЕРОВО ЗИТ-РАДОВИШ, НАЈУСПЕШНА ЕКИПА НА РЕПУБЛИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ