Над 500 илјади граѓани се попишани во првите девет дена од Пописот на населението и објектите 2021. Додека Државниот завод за статистика, оценува дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, a се очекува тој успешно да заврши до 30 септември. Пописот 2021 е на третина од предвидените 26 дена пописни активности и се одвива добро, со исклучок на привремените технички проблеми на почетокот, кои беа надминати со апдејт на софтверот. Најголем дел од попишаните 500 илјади граѓани се во неделите на 12 септември – 111 186 лица и на 5 септември – 94.975 лица. Државниот завод за статистика, вчера информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо и дека заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица. Можноста за самопопишување на лица во странство, заклучно со вчера ја искористиле – 192.538 лица. ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КОНЧЕ И РАДОВИШ: ОФИЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЛИСТИ ЗА СОВЕТНИЦИ ФК ДЕТОНИТ ПРОТИВ ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВО 1/16 ФИНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КУП