Црвениот крст на Македонија секоја година на 24 март го одбележува Светскиот ден на туберкулозата со цел да се подигне јавната свест за туберкулозата, која продолжува да биде голем глобален здравствен проблем.
- Туберкулозата не е болест од минатото – таа сè уште претставува закана за милиони луѓе ширум светот. Може да се излечи, но, само ако се открие навреме, порачува Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден за борба против туберкулоза – 24 Март, глобална иницијатива за подигнување на свеста за оваа сериозна заразна болест, нејзините последици и начините за превенција и лекување. Пораката за Светскиот ден против туберкулоза годинава е „Време е за акција!“.
Во 2018 година, во Обединетите нации, сите светски лидери се обврзаа да преземат конкретни активности до 2022 година. Според последниот извештај за надзор и мониторинг на ТБ (СЗО / ЕЦДЦ) и покрај намалувањето на ТБ и намалувањето на стапката на инциденца на ТБ, околу 20.000 луѓе сè уште умираат од ТБ секоја година во регионот на Европа, секој трет пациент со ТБ има форма на болест отпорна на повеќе лекови и стапката на успех во третманот е недоволно оптимална.
И оваа година, ја одбележуваме годишнината од објавата на д-р Роберт Кох во 1882 година за откривањето на бацилот на ТБ, причинителот на ТБ.
Светскиот ден на туберкулозата е можност да се фокусираме на успесите и достигнувањата, истовремено изразувајќи предупредување за закана од туберкулозата отпорна на лекови и последиците предизвикани од пандемијата.