Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Кон крајот на денот облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД „РАДОВИШКИОТ ДЕТСКИ КАРНЕВАЛ“ ВО РАДОВИШ ПРОНАЈДЕНА БОМБА ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА