На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и се повредил кон месноста „Градска река“ За влез во земјава на Табановце 1 час чекање, а на Богородица од 30 до 40 минути