Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе: Р Е Ш Е Н И Е за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2024 година Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2024 година На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица од областа на занаетчиството, стопанската и друга јавна дејност од општина Радовиш. Сите заинтересирани кои ќе конкурираат на јавниот конкурс, потребно е да докажат дека во изминатиот период исклучително се бавеле или се бават само со една дејност, и со истата дале свој придонес и оставиле длабока трага во вкупниот општествен и стопански живот во општина Радовиш. Потребни документи за поднесување се : – Податоци за предложеното физичко или правно лице; – Образложение за предлогот по конкурсот; Период за доставување на документите од 16.10.2023 год. заклучно со 23.10.2023 год. Документите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2024 год. Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал Рудникот Боров Дол има потреба од вработување на Заварувач и Главен мајстор механичар