Општина Радовиш распиша Јавен повик за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Радовиш за 2025 година, кои се во согласност со стратешките и програмските документи на Општина Радовиш а се финансираат согласно Програмата за Локален Економски Развој, од Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година. Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации по поднесен проект/годишна програма за работа. Право на учество имаат субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Радовиш, како матична општина каде физички ќе се реализираат активностите од годишните програми. Резултатите од спроведените проекти/програми ќе бидат остварени во општина Радовиш. Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се: -корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации; -корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Радовиш; -остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ, Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се: – Предложените цели и активности од Годишните програми да кореспондираат со Стратешките – развојни и програмски документи на Општина Радовиш. – Доделените средства да се користат исклучително за покривање на директните трошоци, односно за реализација на активности предвидени во предлог проектот. Погледнете го целосниот документ ЈАВЕН ПОВИК Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Повик за волонтери за Европски Младински Олимписки Фестивал! Објавен оглас за избор на 47 јавни обвинители, од кој и за ЈО Радовиш