Од денеска, 15 август, започнува аплицирањето за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година. Рокот за пријавување за сите студенти е до 5 септември 2025. Право на пријавување имаат редовни студенти од прв и втор циклус, како и од интегрирани студии на јавни и приватни универзитети во државата, кои се државјани на Северна Македонија и немаат месечен приход поголем од минималната нето-плата. Аплицирањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, со задолжително прикачување на пополнета пријава и изјава за точност на податоците. Финансиската поддршка изнесува 140 денари дневно за купување храна, од понеделник до сабота, и не се исплаќа во периодот 1 јули – 1 октомври. Исплатите ќе се вршат преку Шпаркасе банка, а студентите кои ќе го добијат правото ќе треба да потпишат договор за отворање на посебна сметка со наменска платежна картичка. Post navigation Од денеска започнуваат двонеделните Богородични пости Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн-просторот