Вчера во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богорица, во кругот на манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“, Ораовица се одржа традиционалната 34 Комитска вечер.

Традиционалната Комитска вечер беше во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но на која покрај членовите и симпатизерите на оваа партија присуствуваа и многубројни гости, кои доаѓаат да ги искажат своите патриотски чувства кон сè она што значи македонско. А комитството секако е дел од македонското минато, кое се разбира побудува такви чувства.

Пред присутните членови и гости, се обрати Љупче Почивалец – Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш, и Антонио Милошоски – Заменик Претседател на Собранието на Република Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Вечно ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна Македонија!

 

ОК на ВМРО-ДПМНЕ




Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

error: Содржината е заштитена !!