Во рамки на соработката помеѓу JICA-Јапонија и ЈП ,,Национални Шуми” се одржа работен состанок во подружницата од Радовиш, како и теренски увид, на кој од страна на ЈП ,,Национални Шуми” присуствуваа дип.шум.инж. проектант Синиша Анѓелкоски вработен во секторот ,,Уредување на шуми, ловишта и проектирање” а од подружницата ,,Плачковица” од Радовиш дип.шум.инж. Светлана Златкова и Јулијана Коцева .
Во рамките на постпроектниот мониторинг на Еко-ДРР проектот, при теренските активности беше извршен увид на состојбата во домен на активностите на JICA на терените на Шумско стопанска единица–Радовишка Река- Орaовичка Река на локалитети во близина на село Коџалија, Радовишко, каде беа презентирани начините на кои се мери нивото на ерозија и состојбата со одтекувањето на водите и беа презентирани мерките кои се преземени на ова подрачје за намалување на ерозијата и подобрување на состојбата на вегетацијата во подрачјето од интерест.
При канцелариските активности беа презентирани начините на обработка на добиените податоци од теренскиот увид.
ЈП ,,Национални Шуми”



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



