Градоначалникот Љупче Почивалец денес изврши увид во детските паркови во дел од населените места во општината, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на постојните паркови, а во други населени места ќе се изградат нови детски паркови.

„Овие простори се од големо значење за нашите најмлади сограѓани – места за игра, дружење и безгрижно детство. Нашата цел е секое дете да има безбеден, современ и уреден простор за рекреација во своето населено место.

Во следните денови ќе ги посетиме и останатите локации каде што е потребна реконструкција, како и поставување нови детски играчки и урбана опрема. Ќе продолжиме посветено да инвестираме во подобри услови за живот и поквалитетно детство за сите деца во нашата општина“, истакна Почивалец.

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!