Во неделата на езерото Мантово беше одржан националниот Куп во спортски риболов „Илинден 2019“. Овој натпревар во риболов беше во организација на Македонската риболовна федерација, а домаќин беше Риболовниот клуб Крап-Радовиш. Покрај лошите временски услови и силниот ветер во неделата риболовците од деветте екипи кои учествуваа, имаа еден прекрасен ден на нашето зеро Мантово ловејки четири часа во дисциплината „Пливка“ Најдобро пласирана екипа беше Вардар 1 од Скопје, втора беше екипата Вардар 2, а третото место го освои екипата на Кркушка од Велес. На овој КУП-натпревар чествуваатекипи составени од 3 (три) натпреварувачи и 1 (еден) капитен на екипата. Дозволена беше употреба на прибор по слободен избор без ограничување на должина на риболовна трска, и задолжителна риболовна мрежа (чуварка) со прстени – дозволен беше улов на сите видови риби без ограничување на големината. Сррк КРАП-Радовиш искажува благодарност до МРФ што ги удостои по повод нивното „10-годишно“ постоење како риболовен клуб да еден официјален национален натпревар во спортски риболов биде организиран на езерото Мантово. ФОТО ГАЛЕРИЈА Post navigation ОТВОРЕНА „МЕЃУНАРОДНАТА РАДОВИШКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“ ЗАПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА РЕЧНИТЕ КОРИТА НА МАРЛАДА, РАДОВИШКА РЕКА, СУШИЦА, ИЊЕВСКА РЕКА И СТУПНИЦА