Заврши традиционалниот четврти по ред Турнир во мал фудбал кој можеме да кажеме дека беше најпосетен од страна на љубителите на спортот и фудбалот, кои секоја вечер трибината ја полнеа во повеќенаменскиот спортски терен во Ораовица.

Изминативе две недели под покровителство на Општина Радовиш а во организација на ФК Изведен, по четврти пат се одржа Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2019“.

На турнирот учествуваа вкупно 24 екипи поделени во 2 категории: 19 екипи во категоријата Сениори и 5 екипи во категоријата Јуниори.  Вчера во прекрасна атмосфера со почеток од 21.00 часот се одиграа финалните натпревари на кои беа постигнати следните резултати:

Категорија ЈУНИОРИ: Прво место – ТЕРМОИНГ, Второ место – ВАЛЕНТИНА 2009 и Трето место  –  ЗАВАРУВАЧ ИКО

Категорија СЕНИОРИ: Прво место – ЗЛАТНО ЗРНО, Второ место – ДИЈАСПОРА ОРАОВИЦА и Трето место  – КЛИМИ МК.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Зоран Левевски од екипата на Златко Зрно, најдобар голман беше прогласен Мирко Соколов од екипата на Клими МК и најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Дарко Коцев од екипата на Дијаспора Ораовица.

Пехарите, медалите и вредносните ваучери на најуспешните екипи ги додели градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, Енис Омер – претставник од Советот на Општина Радовиш и Ристо Спасов – претседател на Комисијата за спорт при Советот на Општина Радовиш.

 


 







 






 

 



 




 

error: Содржината е заштитена !!