Денес со богата програма во ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш беше одбележан Европскиот ден на мајчиниот јазик. На трибината мајчиниот јазик со свои стручни трудови учествуваа: д-р Снежана Веновска – Антевска, Употребата на нормата на македонскиот јазик во секојдневната комуникација и во образовниот процес; проф. д-р Веселинка Лаброска, Учењето на мајчиниот македонски јазик и влијанието на електронските уреди; проф. Раско Лозаноски, тема: Училиштето – ковачница на мајчиниот македонски литературен јазик. Музички настап имаше Мартина Газепова. Настанот беше збогатен и со изложба – по проектот Претставување на културното наследство на иновативен начин – превземена од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје. изложбата ја отвори писателот Борче Панов. Post navigation РАДОВИШАНЕЦ БИЛ НАПАДНАТ СО ДРВЕНА ПАЛКА ПРЕД КАЗИНО ВО СКОПЈЕ ОДБОЈКАРИТЕ ОД ООУ „КОСТА РАЦИН” ПОДАРЕШ, НАЈДОБРИ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР