Конкретни превентивни мерки и активности за спречување на појава, ширење и сузбивање на корона вирусот се превземат од страна на општина Радовиш. Покрај редовните активности, во Сабота на 28.03.2020 година, извршена е целосна дезинфекција на објектот на општина Радовиш, во кој покрај локалната самоуправа се сместени подрачните одделенија на министерствата и други институции. Исто така извршена е дезинфекција и на објектот на Територијалната противпожарана единица (ТППЕ) Радовиш, како и на возилата на општината и противпожарните возила. Дезинфекцијата ја изврши Центарот за јавно здравје, служба за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. За сите понатамошни превентивни мерки и активности, кои ке ги презема Општинскиот штаб за заштита и спасување, граѓаните на општина Радовиш, редовно ке бидат информирани. Општински штаб за заштита и спасување Post navigation ОД БЕРЛИН ПРИСТИГНАА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ СЕ ВО КАРАНТИН ВО ХОТЕЛОТ ЦАР САМУИЛ ВО СТРУМИЦА ДОСТАВУВАЊЕ ЛИЧНИ КАРТИ И ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ НА ДОМАШНА АДРЕСА