Градоначалникот Герасим Конзулов и директорот на фирмата „ИНТЕРЕНЕРГО“ ДООЕЛ- Зоран Трпески потпишаа Договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за давање на енергетски услуги на јавно осветлување по ЕСКО модел. Проект во вредност од 1.6 милиони евра поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој ќе се изведува по ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство. Моделот ЕСКО предвидува развој, изведба и финансирање на проектот со цел да се подобри енергетската ефикасност и намалат трошоците за електрична енергија и одржување. Отплатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку оставрената заштеда на енергија во следните осум години при што Општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскио буџет. Предвидено е проектот да се реализира за 3 до 4 месеци при што сите стари електрични светилки на територијата на општината ќе бидат заменети со нови еколошки високо квалитенти ЛЕД светилки од англиско производство. Информираат од општина Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation ОДРЖАНА 44 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ПОЧИТ И ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА