Во недела започнуваат третолигашите, на градскиот стадион во Радовиш ФК Детонит ја пречекува екипата на ФК Спартмани од Балдовци со кој го започнува пролеттниот дел од првенството и походот кон врвот на табелата и освојување на шампионската титула. Од управата најавија борбена пролеттна сезона и влез во Втората фудбалска лига – единствената опција која е зацртана оваа сезона – истакнаа од ФК Детонит. Инаку ФК Детонит се наоѓа на втората позиција со 26 бода, после ФК Брегалница Делчево кој има 28. Детонитци имат осум победи, две нерешени и само еден пораз од есенскиот дел на првенството. ФК ДЕТОНИТ – ФК СПАРТМАНИ Недела 14.03.2021 год. Почеток 15.00 часот. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation ВЧЕРА И ДЕНЕС ТЕСТИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И ИНСТРУКТОРИ ДЕТОНИТ ДЕТОНИРАШЕ!