Сончево со мала до умерена облачност во планинските подрачја повремено ќе провејува снег, не очеува денес. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец. Под влијание на влажен бран, од утре до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен. Сабота – 20.03.2021 год. Претежно облачно со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Недела – 21.03.2021 год. Минимална температура: 0°C до 6°C Максимална температура: 6°C до 11°C Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Понеделник – 22.03.2021 год. Минимална температура: -1°C до 5°C Максимална температура: 5°C до 12°C Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. УХМР Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 33967, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВИСИНАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА 2021 ГОДИНА ЗА ОБЕЛЕЖАНИ ГРЛА ОВЦИ ОД СИТЕ КАТЕГОРИИ