Вчера во организација на Црвен крст, Општинска организација Радовиш и ИТМ Штип во просториите на ООЦК Радовиш се спроведе доброволна крводарителска акција. На оваа акција доброволно даруваа 35 крводарители, односно собрани се 35 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на граѓаните од Општина Радовиш. Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени велат од Црвен Крст. Голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите истакнуваат од ОО Црвен Крст Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation ОГРАДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО ВО КАЛАУЗЛИЈА УСПЕСИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „КОСТА СУСИНОВ” РАДОВИШ НА НАТПРЕВАРИТЕ ПО МАТЕМАТИКА