Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Македонија Андри Аранитаси имаа свое обраќање по повод пуштањето во употреба на првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш. Трасата од првата фаза на проектот се градеше меѓу селото Софилари и рудникот „Бучим“. Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш започна во јуни 2018 година. Новата патна врска како што беше предвидено се состои од по една коловозна лента од 3,5 метри и една помошна лента за застанување од 2,5 метри во секој правец. Максималната брзина на движење на возилата ќе изнесува 110 километри на час. Австриската компанија „Страбаг“ е избрана за изградба на втората траса од клучката Три чешми кај Штип до мостот на реката Брегалница и од рудникот „Бучим“ до влезот во Радовиш. – Се очекува во најскоро време и оваа траса да се реализира од експресниот пат Штип – Радовиш Експресниот пат Штип – Радовиш на кој што денес се наоѓаме е целосен проект на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тој посочи дека сите активности неопходни за реализација на овој пат се обезбедени од претходната Влада. „Уште во 2015 година се обезбедени средства и целосно е изготвен проектот за изградба на експресниот пат. Социјалдемократскиот сојуз на готово доби изведувач на работите на овој пат, и заради нивната неспособност не успеаја да ги завршат на време како овој проект, така и останатите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. За тоа оваа пракса не смее да продолжи. Инфраструктурата повторно ќе биде ставена во преден план после победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори“, вели Јорданов. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation РК РАДОВИШ ПРЕКУ БАРАЖ ВО НЕДЕЛА ВО ЕЛИТНАТА СУПЕР РАКОМЕТНА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО РАДОВИШКО, ВО КОЏАЛИЈА СЕДУМ ЛИЦА ВКЛУЧЕНИ