Денес ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, уште од претпладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град. И во следните денови се очекува локално процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме. Променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град. УВ=6 Утре, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. УВ=7 *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПОВТОРНО ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО РАДОВИШКО, ВО КОЏАЛИЈА СЕДУМ ЛИЦА ВКЛУЧЕНИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО РАДОВИШ ОДБЕЛЕЖАН СО ЧИСТЕЊЕ НА ДИВА ДЕПОНИЈА