Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината сончево и многу топло со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 40 степени. Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На места долж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. Понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, додека во јужните ќе се задржат високите температурите. УХМР Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ