РК Радовиш продолжува со серијата на победи. Денес оставри уште една победа на гостински терен во Прилеп против истоимената екипа.

Овој натпревар беше од Плеј-аут завршницата каде што нашата екипа е најдобро пласирана и е обезбеден опстанокот и учеството и следната сезона во Супер ракометната лига на Македонија.

РК Радовиш не успеа за неколку бодови да избри пласман во Плеј-оф завршницата, пласирајки се на петтото место во редовниот дел од првенството. Да се надеваме дека наредната сезона нашите ракометари ќе успеат и овде во Радовиш ќе следиме натпревари против екипите Металург и европскиот шампион Вардар

Проверете !

Најдобар стрелец кај нашиот клуб беше Мајиќ со 11 голови, осум постигна Илиев, а по пет пати во листата на стрелци се запишаа Ѓорѓиев и Соколов. Во домашниот тим Амзоски имаше седум погодоци, додека Нешкоски шест. 

РК ПРИЛЕП – РК РАДОВИШ 29-34 (15-16)

error: Содржината е заштитена !!