Одделението за внатрешни работи Радовиш на пригоден начин го одбележа 7-ми Мај – Денот на македонската полиција, со положување свежо цвеќе пред споменикот на бранителите Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев, лоциран пред зградата на ОВР Радовиш. Со овој чин, ОВР Радовиш оддаде почит на загинатите бранители, како и на нивните најблиски, чија загуба е ненадоместлива. Свежо цвеќе на споменикот положија делегации од Министерството за внатрешни работи, градоначалниците на Општина Радовиш и Општина Конче, претставници на полициските синдикати, фамилиите, како и други гости. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 7 МАЈ – Ден на македонската полиција