На 18.02.2024 во 16.05 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш лишиле од слобода лице од Радовиш. Откако бил забележан од полициските службеници, тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, во близина на местото биле пронајдени неколку пакувања марихуана и дигитална вага, кои биле подигнати за понатамошна постапка. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. -Фото Архива Post navigation Зголемена динамика на работа на Градскиот пазар во Радовиш Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност