Денеска се изврши преосветување на целосно реновираниот храм посветен на “Св. пр. Илија” во Радовиш, и се отслужи Света Архиерејска Литургија, а чиноначалствуваше Неговото Блаженство господинот и отец наш г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение на Надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители на МПЦ-ОА.

На крајот од Светата Литургија, Неговото Блаженство г.г.Стефан одржа пригодна беседа, а на дарителите и помагачите на реновирањето на храмот им беа доделени Благодарници од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!