Со првите натпревари синоќа на повеќенаменското игралиште во СОУ „Коста Сусинов“ започна традиционалниот STREETBALL 3X3 – натпреварување каде што оваа година има вкупно 12 екипи учесници од Македонија, Србија и Грција. Турнирот е во соработка со „Sound of the net“, натпреварите се играат по правилата на FIBA. вчера се одигра 6 натпревари од групата Б, а денеска Сабота почнувајќи од 18:40 ќе се играат вкупно 12 натпревари од групите А и Ц. Во Недела почнувајќи од 18:40 најпрво следуваат четвртфиналињата, потоа полуфиналињата и големото финале во 22:00 часот. Повелете на добра забава и бидете дел од најсилниот Streetball настан ова лето! Post navigation Одржана промоција на романот ,,Ѕиркачи” од македонската писателка Даниела Андоновска-Трајковска ОК ВМРО-ДПМНЕ со одржани состаноци со членовите во месните комитети во Радовиш