На состанокот на ДЛУР Рада –Радовиш што се одржа на 08.07.2025 г. претседателот Душан Коцев после 11 год. најави повлекување од оваа позиција.

По предлог на УО на Друштвото на ликовни уметници, за нов претседател на ДЛУР Рада Радовиш едногласно беше избран ликовниот уметник Томе Даневски.

Членовите на ДЛУР Рада Радовиш од страна на новиот претседател Даневски беа информирани дека насоката на работа на ДЛУР останува иста, дека ќе продолжи тимската работа, а сите проекти и активности коишто веќе се во реализација ќе продолжат.

За во следниот период тој најави дека ќе се отпочне и со нови иницијативи што ќе дадат нов белег во Работењето на ДЛУР Рада Радовиш. На крајот Томе Даневски рече дека со особено задоволство ја прифаќа оваа обврска, истакнувајќи дека ДЛУР Рада Радовиш во предходните 11 години покажа дека е пример за тоа како едно вакво друштво треба да функционира и да се докажува со сериозна успешност.

 

 

error: Содржината е заштитена !!