Денеска во рамките на промо караванот на Југоисточниот плански регион се изврши увид на активностите реализирани во ТППЕ Радовиш.

Присутен беше Министерот за локална самоуправа Златко Перински и екипа од МЛС кој беше пречекан од страна на Градоначалникот Ацо Ристов и Ѓоко Камчев директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Исто така на овој настан присуствуваа и градоначалниците од Југоисточниот плански регион.

„Во Радовиш, пожарникарите добија поекономичен објект во кој можат мирно да ја вршат својата работа – истакна министерот Перински и додаде „Задоволен сум што оваа Влада покрај интервентната мерка преку двата јавни повика за поддршка на инфраструктурни проекти изнајде средства и другите програми како што е Програмата за рамномерен регионален развој да не замрат, туку и преку нив да се финансираат значајни проекти.“

Градоначалникот Ристов истакна благодарност до Министерството за локална самоуправа и Југоисточниот плански регион кои го поддржаа и финансираа овој проект.

Овој проект кој се реализираше во Радовиш е инвестиција што се реализира преку Програмите за рамномерен регионален развој.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

error: Содржината е заштитена !!