Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. – Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција. Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми, велат од МВР. Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки и на него можат да учествуваат сите заинтересирани компании. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ВМРО-ДПМНЕ со промоција на кандидатот за Градоначалник Љупче Почивалец и листата на советници од Коалицијата „Твоја Македонија“ Под мотото Мирот започнува од нас во нашето училиште во СОУ „Коста Сусинов“ се одбележа 21 Септември-Меѓународниот ден на мирот.