На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

– Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар-Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.

– Bиадукт Трејд Дооел од 1. септември 2025 година започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај, времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар-Стража во временски период од шест месеци.

– Од 26-ти мај 2025 година, започнаа градежни активности, санација на мост на река „Драгор“ на улицата „Довеџик“, Општина Битола, со што ќе има затворање на сообраќајот кај мостот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин-девијација.

– Патниот правец Р2337 Кичево-крак со село Цер, од 12-ти мај 2025 година ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10:00 до 16.00 часот поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање).

– Според известување од „Виадукт Треј“ Дооел од Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка „Лагово“ до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 3-ти април 2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.

Времена измена на сообраќајот:

Од 12-ти септември 2025 на експресниот пат А2, Крива Паланка-Страцин на км. 14+200 (близу село Петралица) отпочна регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.

Од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар-Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.

Известување:

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 17-ти април 2025 година  е пуштен за сообраќај за за возила до 3.5 тона.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.


 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации