Советот на Општина Радовиш донесе Одлука за работа со продолжено работно време на угостителските објекти во општина Радовиш за време на манифестацијата ,,Самун ем Татлија” Со оваа одлука се одобрува работа со продолжено работно време на угостителските објекти во општина Радовиш за 1 час работа утврдено согласно Законот за угостителска дејност поради одржување на манифестацијата ,,Самун ем Татлија”. Продолженото работно време од 1 час се однесува за деновите: -14 Ноември 2025 година (петок), спрема 15 Ноември 2025 година (сабота) -15 Ноември 2025 година (сабота), спрема 16 Ноември 2025 година (недела) и -16 Ноември 2025 година (недела), спрема 17 Ноември 2025 година (понеделник). Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Советот на општина Радовиш ја одржа четвртата седница Бесплатен паркинг за сите гости на манифестацијата ,,Самун ем Татлија”